Како сведоци за рочиштето на 18 септември се предложени и Бранко Манојловски, Борис Змејковски, Драган Цуклев, Павлинче Честојнова, Нада Ципушева и Зоран Ѓорѓиевски
По предлог на обвинетиот поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски, на наредното рочиште за организацијата на настаните од 27 април 2017 како сведоци треба да се појави уште една група пратеници од минатиот парламентарен состав. Меѓу нив е и тогашниот и актуелен претседател на Собранието, Талат Џафери.

Следното рочиште е закажано за 18 септември, а покрај Џафери, Вељаноски ги предлага и Бранко Манојловски, Борис Змејковски, Драган Цуклев, Павлинче Честојнова, Нада Ципушева и Зоран Ѓорѓиевски.

Досега по предлог на одбраната на Вељаноски сведочеа 16 пратеници од минатиот состав.
Денеска со сведочења пред судот беа осуммина: Илија Димовски, Зоран Илиоски, Лилјана Кузмановска, Благој Деспотовски, Слаѓана Митовска, Весна Пемова и Весна Дамчевка Илиевска.
На минатото рочиште, пак, сведочеа деветмина: Никола Мицевски, Трајчо Димков, Драган Данев, Крсто Јовсновски, Панчо Минов, Благица Ласоска, Магдалена Манаскова, Иван Иванов и Иван Стоилковиќ.
Покрај Вељаноски, обвинети во случајот за организација на 27 април се и ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
По завршување на листата со сведоци на Вељаноски, судскиот процес ќе продолжи со испитување на сведоците на Јанакиески.
Поврзана вест: