И на вториот јавен повик распишан од Општина Чаир за рушење на дивоградбата кај „Мавровска“ не се пријавила ниту една фирма, пренесе СДК.мк.
На тендерот кој траел до вчера не стигнала ниту една понуда, па Комисијата за јавни набавки во Општината го поништила тендерот.
Од Општина Чаир за СДК.МК изјавиле дека од понеделник ќе разгледуваат како да постапат понатаму, за да не се случуваат нови неуспешни тендери за оваа намена.
Пред точно една недела Министерството за внатрешни работи соопшти дека го известиле Основното јавно обвинителство поради сомненија за кривично дело „бесправно градење“ во врска со дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.