Конгресменот од Кентаки Томас Меси, кој често доаѓаше во судир со претседателот Доналд Трамп и покрај тоа што е во истата партија, предупреди дека неговото барање за импичмент на Хегсет е „само многу блага верзија“, по она што ќе се случува кога демократите ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот во јануари следната година
Републиканскиот претставник од Кентаки во Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД), Томас Маси, поднесе барање од осум точки за отповикување од функцијата (импичмент) на секретарот за одбрана Пит Хегсет, а во врска со неговата улога во почнувањето на војната со Иран. Како што пренесуваат светските медиуми, покрекнувањето на постапката би можела да резулатира со гласање во Претставничкиот дом уште оваа недела.

Во наводите што ги изнесе во Претставничкиот дом, републиканскиот конгресмен тврди дека Хегсет ги ангажирал американските воени сили во борбени операции против Иран без одобрение од Конгресот. Обвиненијата, рече Маси, вклучуваат три прекршувања на Законот за воени овластувања од 1973 година.
Хегсет рече дека во врска со постапката за импичмент ќе се произнесе пред јавноста денеска, најавувајќи прес-конференција, која ќе биде негова прва по неколку месеци.
Маси, кој често доаѓаше во судир со претседателот Доналд Трамп и покрај тоа што е во истата партија, предупреди дека неговото барање за импичмент е „само многу блага верзија“, по она што ќе се случува кога демократите ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот во јануари следната година.
Тој го повика Трамп да го отпушти Хегсет додека сè уште може да обезбеди потврда за неговата замена во Сенатот.
По меѓуизборите одржани на 3 ноември, демократите го вратија мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот, а новиот Конгрес ќе положи заклетва и ќе започне со работа во јануари. Во моментов, републиканците имаат мнозинство во двата дома, а Сенатот е клучен бидејќи членовите административните тела на САД мора да бидат потврдени од горниот дом на Конгресот за да ја извршуваат функцијата.
Просто мнозинство во Претставничкиот дом, кој во моментов е контролиран од републиканците, би било доволно за да се покрене постапка за импичмент на Хегсет и да се испрати случајот во Сенатот на одлучување.
За неговото конечно отстранување од функцијата би било потребно двотретинско мнозинство во Сенатот, исход што се чини неверојатен во актуелниот состав на Конгресот.
Масе изјави дека „кршењата на Уставот од страна на Хегсет одат многу подалеку од нелегалната војна во Иран“.

Демократите, од друга страна, подготвуваат серија сослушувања и истраги насочени кон администрацијата на Трамп.
Хаким Џефрис, демократ од Њујорк за кој се очекува да стане претседател на Претставничкиот дом, веќе го означи Хегсет како предмет на контрола и рече дека без двоумење ќе го поддржи неговиот импичмент.
Инаку, како главна причина за незадоволството од политиките на претседателот Доналд Трамп, поради што голем број од гласачите им го свртеа грбот на републиканците на минатонеделните меѓуизбори за Конгресот, се посочуваше војната на САД со Иран. Еден ден по изборите, американските медуми пишуваа дека иако одлуката да се влезе во војна со Иран ја донесе претседателот Доналд Трамп, политичкиот притисок сè посилно се насочува кон првиот човек на Пентагон – секретарот за одбрана Пит Хегсет.
Дури и потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, по изборите отворено призна дека „војната е главната причина за поразот“, иако избегна да посочи конкретно име како виновник.
