Пратеникот Бојан Стојаноски рече дека по едногласната одлука на членовите на матичната собраниска комисија за одржување надзорна расправа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побарале таа да се одржи утре, нешто за што, според него, пратениците од редовите на СДСМ се колебале. Поради тоа, до претседателката на комисијата, Сања Лукаревска, се доставени една третина од потписите на членовите и заменик-членовите на комисијата со кои се бара надзорната расправа да се закаже за утре во 11 часот
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доставија барање до претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, за утре во 11 часот да ја свика седницата на која ќе се одржи надзорна расправа во врска со последните случувања со Алта банка.

Пратеникот Бојан Стојаноски денеска на прес-конференција рече дека по едногласната одлука на членовите на матичната собраниска комисија за одржување надзорна расправа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побарале таа да се одржи утре, нешто за што, според него, пратениците од редовите на СДСМ се колебале.
„Ние предложивме да ги скратиме сите можни процедури дадени во Деловникот, за да можеме и гостите да ги поканиме во текот на денешниот работен ден, а и на сите отворени прашања поврзани со оваа тема да дадеме одредени одговори. До овој момент не ни беше одговорено на нашето барање. Затоа, согласно можностите кои ни ги дава Деловникот, до претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, доставивме една третина од потписите од членовите и заменик-членовите на Комисијата за финансирање и буџет и бараме да ја закаже надзорната расправа утре во 11 часот бидејќи оваа важна тема заслужува одговори сега и веднаш“,
изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски вели дека нема поента темата да се одолговлекува, политизира или да се држи во статус кво.
„Уште утре, веднаш и неодложно, да ја одржиме надзорната расправа. Секако, и ние ќе ги поставиме сите прашања кои ја интересираат јавноста, бидејќи сметаме дека се создава паника таму каде што нема потребa, а сметаме и дека граѓаните заслужуваат одговори на овие прашања“,
вели пратеникот на МВР.
На барање на СДСМ, членовите на собраниската комисија за финансирање и буџет во понеделникот донесоа одлука да одржат надзорна расправа во врска со последните случувања во Алта банка АД Битола.
