Вкупниот број лица што се водат како исчезнати засега изнесува најмалку 1 300. Многу од нив се странци. Според Националната туристичка организација на Непал, исчезнати се најмалку 517 туристи од 33 земји
Српски државјанин е еден од најмалку 517 туристи од 33 земји кои се водат како исчезнати во катастрофалните поплави во пограничната област меѓу Кина и Непал – соопшти непалската Национална туристичка организација.

Вкупниот број лица што се водат за исчезнати засега изнесува најмалку 1 300.
Многу од исчезнатите се странци кои во моментот се наоѓале во погодената област. Најголем дел се од соседна Индија – 178, како и од САД – 65. Во поплавите како исчезнати се водат и 53 Украинци, 35 австралиски државјани, 33 британски државјани, 25 Канаѓани и девет Јужнокорејци кои работеле во хидроцентралата. Девет државјани на Сингапур, најмалку осум Германци и осум Руси се исто така исчезнати.
Контактот е изгубен и со шест јужноафрикански државјани и шест Летонци, петмина државјани на Јапонија и најмалку петмина туристи од Нов Зеланд. Од вчера за исчезнати се водат и државјани на Белорусија, Белгија, Бугарија, Финска, Франција, Унгарија, Ирска, Израел, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Холандија, Филипините, Португалија, Шпанија, Србија, Швајцарија и Шведска – соопшти туристичкиот одбор на Непал.
Спасувачките екипи се во трка со времето во потрагата по преживеани.
