Според последните извештаи, 177 се од Индија, 63 од САД, 34 од Австралија, 33 од Велика Британија и 25 од Канада
Во меѓувреме, американскиот Геолошки завод, потврди дека причина за катастрофата бил глацијален колапс, односно глечер што иницирал последователни лизгања на земјиштето и други влијанија низводно во погодените области, а не земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала, како што првично беше објавено
Смртнио билнас од поплавите и лизгање на земјиштето што вчера го погоди пограничниот регион меѓу Непал и Тибет во Кина се искачи на најмалку 162 загинати лица, додека спасувачките екипи трагаат по исчезнати, кои се бројат во стотици и чија судбина и понатаму останува непозната, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации на непалската полиција.

Според последните информации од полицијата, соопштени утрово, од загинатите, 64 се пронајдени низводно во области во округот Читван, додека други 26 во источниот регион Навалпараси. Меѓу стотиците исчезнати има и 28 полицицајци.
Тешкотиите во спасувачките напори
Читван, туристичко место, познато по сафари-турите во тамошната дождовна шума, е едно од местата кои се ставени во состојба на висока тревога поради зголемувањето на нивото на поплавите, пишува Би-би-си.
Спасувачките операции се отежнати на тибетанската страна од границата, поради неизвесните временски услови и оддалеченоста на областа, соопштија кинеските власти.
Како што се наведува, лизгањето на земјиштето што го погоди окригот Ѓиронг бо Тибет е длабоко речиси еден и пол метра, а неговата линија се протега на 2,5 километри од граничниот премин, што значително ги попречува последователните спасувачки напори, објави кинеската државна телевизина Си-си-ти-ви (CCTV).
„Областа се карактеризира со високи планини и длабоки долини, со концентирани области за слив на вода, поради што тековните врнежи од дожд би донеле значителна незивесност“,
се вели во извештајот на кинеските власти.
Метеоролошките служби очекуваат дождот да продолжи во текот на следните три дена по должината на рутата помеѓу пристаништето Ѓиронг и аеодромот Дингри, што дополнително би ги комплицирало спасувачките напори. Властите додаваат дека било многу тешко да се распоредат големи возила и тешка опрема низ тесните планински патишта.
Речиси 1 500 луѓе, вклучувајќи речиси 800 странци, се водат како исчезнати низ Непал и Тибет, велат властите. Во Непал речиси 500 странски државјани се меѓу 826 исчезнати во Непал, кои доаѓаат од повеќе од 20 земји.
Според последните извештаи, 177 се од Индија, 63 од САД, 34 од Австралија, 33 од Велика Британија и 25 од Канада.
Голем број држави и понатаму проверуваат дали меѓу исчезнати има нивни државјани. Австралискиот премиер, Ентони Албанезе потврди дека меѓу има 34 државјани на неговата земја, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот за кога е закажана прес-конференција на министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг.

Немало земјотрес
Во меѓувреме, американскиот Геолошки завод, потврди дека причина за катастрофата бил глацијален колапс, односно глечер што иницирал последователни лизгања на земјиштето и други влијанија низводно во погодените области, а не земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала, како што првично беше објавено.
„Дополнитна анализа на блиските сеизмички станици, сеизмички бранови со долг период и сателитските снимки доведе до уверување дека сеизмичкиот настан бил гласијален колапс и тек на отпад, и дека не се случил земјотрес“,
се наведува во соопштението на Американскиот геолошки завод објавено утрово.
Во меѓувреме, научниците сè уште работата на точната низа на настани што можеле да предизвикаат таква катастрофа. Меѓународниот центар за интегриран планиски развој (ИЦИМОД), објави детална проценка за тоа што се случило вчера, кога голем бран од вода и кал предизвика пустош во Непал и Тибет.
Во проценката, експертите предупредуваат на можноста од последователни поплави, како резултат на отпадот што се навлегол во речните системи.

Експертите цитирани во извештајот велат дека се во процес на проценка дали реката Тришули е привремено блокирана во тесни делови. Доколку е блокирана, постои ризик од формирање брана од лизгање на земјиштето – и можност од ново поплавување.
Непалската армија, како што пренесува Би-би-си, распоредила 2 000 воени лица за копнени и воздушни операции за пребарување и спасување во погодените области.
Војниците се концентрирани во најтешко погодените области, вклучувајќи ги Расува и Нувакот, изјавил портпаролот на армијата, бригадниот генерал Раџарам Баснет за британскиот национален радиодифузер.
Како што посочил тој, војската досега успеала да спаси 97 лица заробени во поплавите, истакнувајќи дека тројца од нив биле работници заглавени во тунелот од хидроенергетскиот проект „Тришули А“.
Голем број земји најавија помош
Повеќе држави, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Кина, Индија, како и Европската Унија најави помош за погодените региони од поплавите и лизгањето на земјиштето.
Соединетите Држави ветија помош од 500 000 американски долари, што ќе биде наменета за поставување итни засолништа, снабдување со вода, санитација и други средства за погодените заедници.
„Соединетите Американски Држави изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на оние кои ги загубија животите во катастрофалните поплави во округот Расува во Непал. Нашите мисли се со сите погодени од оваа катастрофа“,
се вели во соопштението на Стејт департментот.
Најмалку 54 државјани на САД, повеќето од нив туристи, се пријавени меѓу стотиците исченати во поплавите и лизгањето на земјиштето.
