Новата анализа на Геолошкиот завод на САД, за која пишуваат светските медиуми, покажува дека немало земјотрес пред ненадејните поплави. И покрај првичните извештаи дека на оваа природна катастрофа и претходела земјотрес, понатамошните анализи покажуваат дека на силните ненадејни поплави им претходело лизгање на земјиштето и дека немало земјотрес

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Непал, покажува последниот извештај на локалната полиција. Денешните слики од различни делови на земјата покажуваат како од водата и калта се уриваат цели згради, а се стравува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.
Полицијата објави дека најмногу тела, 64 од нив, се пронајдени во округот Читван. 27 жртви се пронајдени во округот Дадинг, 22 во Источен Навалпараси и 19 во Горка. 13 смртни случаи се потврдени во Нувакот, девет во Танахун и три во Расува.
Досега, повеќе од 3 300 полицајци се испратени во погодените области, а 49 повредени лица се лекуваат во болници.
Извештаите покажуваат и дека стотици лица, меѓу кои и туристи, се водат како исчезнати.
„Прелиминарниот запис на агенциите добиен од туристичките компании идентификуваше 384 патници, вклучувајќи 291 странски државјанин и 93 непалски државјани, кои беа пријавени како исчезнати од погодените области“,
соопшти Одборот за туризам на Непал истакнувајќи дека властите работат на проверка на местото на престојот на патниците.
Новата анализа на Геолошкиот завод на САД, за која пишуваат светските медиуми, покажува дека немало земјотрес пред ненадејните поплави. И покрај првичните извештаи дека на оваа природна катастрофа и претходела земјотрес, понатамошните анализи покажуваат дека на силните ненадејни поплави им претходело лизгање на земјиштето и дека немало земјотрес.
Ќанггонг Жанг, раководител на одделот за климатски и еколошки ризици, во Меѓународниот центар за интегриран планински развој со седиште во Катманду вели дека со блокадата што сè уште е заглавена низводно на реката на границата меѓу Непал и Кина, властите предупредуваат дека може да се случи втора поплава.
Devastating CCTV footage from the Chinese side of the Nepal-China border shows the massive flood sweeping through the area with incredible force, giving a stark glimpse of how suddenly it was struck. pic.twitter.com/s2eVfOzd7G
— Everest Today (@EverestToday) August 26, 2026
Премиерот на Непал ја повика нацијата да застане заедно по катастрофата. Канцеларијата на премиерот на Непал вели дека напорите за пребарување и спасување од страна на армијата на земјата ќе продолжат преку ноќ.
Во соопштението се вели дека се распоредени 1 697 лица, додека уште 656 се во состојба на готовност за дополнителни операции.
„Шест воени хеликоптери спасија 94 лица во текот на денот, додека пет цивилни хеликоптери спасија уште 12. Копнените екипи спасија уште 27 лица“,
се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека шатори и 200 килограми медицински материјали се доставени до погодените области.
Голем број луѓе заглавени над Тимур утре рано наутро ќе бидат евакуирани по воздушен пат, додаваат од канцеларијата.
