Главниот штаб ја задолжи Општина Гостивар итно да предложи локации и да назначи контакт-лица за воспоставување пунктови за дистрибуција на техничка вода за објектите од витално значење
Водата од водоводната мрежа во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба, покажуваат најновите резултати од анализите на мострите што ги направи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во таа насока, се апелира до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатаможно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа.

Ова е еден од заклучоците на денешната седница на Главниот штаб во Центарот за управување со кризи (ЦУК), со која претседава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Покрај тоа, на седницата се разгледани и други информации поврзани со состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар, при што се донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Главниот штаб ја задолжи Општина Гостивар итно да предложи локации и да назначи контакт-лица за воспоставување пунктови за дистрибуција на техничка вода за објектите од витално значење.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и ЈП „Водовод“ – Скопје и Ахенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите од анализите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб при ЦУК.
Експерти од скопски „Водовод“ го анализираат водоснабдителниот систем во Гостивар – вели Тошковски

Армијата ги стави во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Главниот штаб процени дека има потреба од тоа.
Цистерна со техничка вода поставена во кругот на Општата болница во Гостивар
Од ЦУК информираат дека, во координација со Општина Гостивар, Министерството за здравство, ИЈЗ, АХВ и Центарот за јавно здравје Тетово–Гостивар, јавноста ќе биде навремено информирана за сите мерки, препораки и активности поврзани со користењето на водата.
(ВИДЕО) Продолжуваат маките на гостиварци – граѓаните не очекуваат брзо решавање на ситуацијата
„Општините Куманово, Тетово, Дебар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со сопствени цистерни за потребите на граѓаните на Општина Гостивар, која ќе се дистрибуира на однапред утврдени пунктови. Во согласност со одлуката на Владата, Службата за општи и заеднички работи ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење до граѓаните на Општина Гостивар“,
се додава во соопштението од ЦУК.
