Од ЦУК велат дека под контрола е пожарот на депонијата кај селото Доброшинци во Општина Василево и тој на депонија и нискостеблеста шума кај селото Штука во Општина Босилово

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, еден е сè уште активен, два се ставени под контрола, а пет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, во атарот помеѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума.
Од ЦУК велат дека под контрола е пожарот на депонијата кај селото Доброшинци во Општина Василево.
Исто така, под контрола е и пожарот кој зафати депонија и нискостеблеста шума кај селото Штука во Општина Босилово.
Изгаснати се пожарите на неколку локации – покрај автопатот меѓу Тетово и Гостивар, во близина на селото Врбјаниште, каде што гореше ниска вегетација, во Новаци изгаснат е пожарот покрај локалниот пат кон месноста Ергела каде беше зафатена ниска вегетација. Според ЦУК, изгаснат е пожарот и во атарот на кочанското село Бели, каде што гореа сува трева и диви депонии.
Во Струмица изгаснат е пожарот на улицата „Мајка Тереза“ , а во Кавадарци на улицата „Западен Булевар“, каде што пламенот опфатил сува трева и хаварисани возила.
