„Фламинго револуцијата“ започна кон крајот на мај како еколошки протест, но се претвори во голем граѓански бунт против политичкиот систем
Во главниот град на Албанија, Тирана, и денеска продолжија протестите против владеењето на актуелниот премиер Еди Рама. Присутните по триесет и седми пат излегоа во централното подрачје на главниот град и првично се собраа на плоштадот „Скендербег“, за потоа да се упатат кон булеварот „Дешморет е комбит“, каде што ги искажаа своите барања.
Протестот започна мирно, а граѓаните се спротивставија на инвестицијата од четири милијарди долари во Звернец и бараа транспарентност од владата на Еди Рама во врска со продажбата на земјиштето. Од булеварот демонстрантите побараа оставка од премиерот Еди Рама, но и отстранување на Сали Бериша.

„Моите врсници ја напуштаат Албанија. Тие не сакаат да останат затоа што немаат шанса за достоинствен живот. И ова е едно од нештата што ме погодуваат мене како млада личност, како и недостигот на доверба во институциите и немањето слух за младите луѓе“,
рече еден млад протестант.
За време на протестот пред кабинетот на премиерот, претставниците и учесниците на протестот држат говори искажувајќи ги своите ставови, а во последните денови на протестот имаше судири меѓу демонстранти и полициските сили, при што некои беа повредени, а некои уапсени.
рече еден од присутните на протестот.
„Мора да ја собориме оваа влада. Корупцијата не запира. Ние немаме ништо. Оваа влада направи само корупција. Пензионерите ги лаже со пет илјади леки. Дефинитивно мора да ја собориме. Еди Рама мора да поднесе оставка“,

„Фламинго револуцијата“ започна кон крајот на мај како еколошки протест, но се претвори во голем граѓански бунт против политичкиот систем.
