По топлотниот бран што однесе многу животи, беснеат шумски пожари низ Јужна Европа. Десетици илјади луѓе се принудени да се евакуираат од своите домови, а стотици пожарникари се борат со пожарите што уништија повеќе од 190 квадратни километри низ Португалија, Шпанија, Франција и Грција

Франција
Во Југозападна Франција, во близина на градот Перпињан, 700 пожарникари со поддршка од авиони специјализирани за гаснење пожари се борат да стават под контрола огромен пожар што се ширеше на тешко достапен терен, при што беа евакуирани повеќе од 10 000 локални жители.
Локалните власти соопштија дека пожарот бил разгорен од ветер, интензивна топлина и исклучително сув воздух. Така станал трипати посилен и проголтал 46 квадратни километри, повредувајќи еден пожарникар и еден жител.
„Пожарот дојде на 300 метри од куќите. Бевме зачудени колку брзо се прошири, беше вртоглаво, на граница на паника“,
изјави жител на селото Тревијак.
„Чадот почнавме да го гледаме околу 22:30 часот, а потоа сè повеќе се приближуваше. Некој од општинската зграда ни тропна на врата околу еден часот по полноќ за да ни каже да си одиме“,
рече жителка што била евакуирана.
Со оглед на тоа што во тој регион температурите во наредните денови се очекува да се искачат и до 40 степени, властите изразија загриженост дека годишната летна сезона на шумски пожари започнала еден месец порано.
„Климатските промени се пристигнати и ги живееме последиците, а сега е само е почеток на јули. Сезоната ќе биде долга за војниците што се борат со пожарите. Мора да ни помогнете“,
изјавија од француската противпожарна служба.
🔥 HORS DE CONTRÔLE : La bataille du feu est devenue "une guerre", annonce le Préfet.
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) July 6, 2026
Le gigantesque incendie dans les Pyrénées-Orientales a déjà parcouru plus de 4600 hectares, forçant l'évacuation de 10.000 personnes de 26 communes dans le massif des Apres et n'est toujours pas… pic.twitter.com/QmNl6EmvZJ
Грција
Во Грција, пламенот предизвикан од шумски пожар зафати две фабрики кај Солун во текот на викендот, принудувајќи ги властите да ја евакуираат околната област и да ги предупредат домаќинствата да ги држат прозорците затворени поради токсичниот чад од погонот за рециклирање што беше зафатен од пожарот.
Голем пожар изби вчера и во областа Атика, западно од Атина. Противпожарната единица испрати 210 пожарникари, со поддршка од волонтери, специјализирани тимови и летала, вклучувајќи канадери и хеликоптери, за да се борат со пожарот што опустоши борова шума.
Raging inferno! – Firefighters battle wind-driven wildfire as families flee Thessaloniki suburbs, Greece
— Viory Video (@vioryvideo) July 5, 2026
Several businesses were damaged and a facility housing 157 people with special needs was evacuated.
Authorities arrested a 76-year-old man on suspicion of starting the fire. pic.twitter.com/V7Z6ZLpJv8
Шпанија и Португалија
Во Шпанија, во пожар во близина на североисточниот брег на Коста Брава, за два дена изгореа повеќе од 2 200 хектари, а пожарникарите изјавија дека нивните напори ќе бидат отежнати од порастот на температурите и многуте жаришта во самиот периметар на пожарот.
Во Португалија, пак, службите за итни случаи соопштија дека ставиле под контрола 80 отсто од шумскиот пожар што уништи околу 13 000 хектари шума на северот од земјата, каде што гори повеќе од три дена.
„Тур де Франс“ без публика на Пиринеите
Во Франција, официјалните лица објавија дека третата етапа од велосипедската трка „Тур де Франс“ низ Пиринеите ќе се одржи без публиката која вообичаено ги следи рутите на овој натпревар.
Етапата, на која денеска велосипедистите ќе возат од Шпанија во Франција, ќе биде ограничена само на поминување на велосипедистите и возилата што се од суштинско значење за организација на трката на француска територија.
