Новинската агенција Ројтерс, но и други светски медиуми, оценија дека говорот на Трамп бил во стилот на обраќање карактеристично за изборна кампања, во кој ставил акцент на своите постигнувања, дополнети со критики и обвинувања кон политичките противници. Во него, тој ги повтори своите повици за нови ограничувања на гласањето, како и предупредувањата дека „комунистите“ можат да ја заземат политичката сцена во земјата
Големата прослава на 250-годишнината од американската независност не помина непречено. Источниот брег на земјата првин беше зафатен од интензивен топлотен бран, по кој уследи невреме со гротевици, што ги принуди организаторите да ги презакажат или откажат настаните во голем број градови, вклучувајќи ги Вашингтон, Њујорк и Филаделфија
Соединетите Американски Држави се дом на слободата и круна на човековата историја, рече претседателот Доналд Трамп вчера вечерта во својот говор во Вашингтон по повод прославата на 250-годишнината од независноста на САД, пренесоа светските медиуми.

Во говорот, што беше одложен на неколку часа поради силното невреме во главниот град на САД, Трамп истакна дека нацијата никогаш не била посила.
„Сега сме подобри од кога било…Ниеден народ не направил повеќе добро, не покажал поголема храброст, не постигнал поголем напредок, не исправил повеќе неправди и не постигнал поголеми успеси од вас, американскиот народ. 250 години, Соединетите Американски Држави беа надежта, ветувањето, светлината и славата меѓу сите народи во свето. Никој не може да биде како нас. И со Божја помош, секогаш ќе бидеме такви, дури и подобри“,
рече америнскиот претседател.
Новинската агенција Ројтерс, но и други светски медиуми, оценија дека говорот на Трамп бил во стилот на обраќање карактеристично за изборна кампања, во кој ставил акцент на своите постигнувања, дополнети со критики и обвинувања кон политичките противници. Во него, тој ги повтори своите повици за нови ограничувања на гласањето, како и предупредувањата дека „комунистите“ можат да ја заземат политичката сцена во земјата.
„Сакаме веднаш да ја спречиме таквата закана и пред да започне. Тоа е како рак – мора да го отстраните и мора брзо да го отстраните“,
рече тој.
Трамп ги пофали американските достигнувања како што се воените победи, слетувањето на Месечината и пионерскиот лет на браќата Рајт, како и американскиот систем на владеење воопшто. Но, тој исто така го повика Конгресот да усвои закон што ќе го ограничи гласањето по пошта и со кој ќе се доказ за државјанство за регистрација за гласање.
Големата прослава на 250-годишнината од американската независност не помина непречено. Источниот брег на земјата првин беше зафатен од интензивен топлотен бран, по кој уследи невреме со гротевици, што ги принуди организаторите да ги презакажат или откажат настаните во голем број градови, вклучувајќи ги Вашингтон, Њујорк и Филаделфија.
Неколку часа пред да се обрати американскиот претседател, беше издадена наредба за евакуација на огромниот Национален трговски центар во срцето на главниот град на САД поради закана од силни бури.

Властите ги повикаа посетителите да побараат засолниште, особено во блиските музеи и федерални згради кои беа повторно отворени за таа пригода.
Говорот на Трамп беше одложен за неколку часа, а тој на својата платформа Трут соушл (Truth Social) напиша дека дека ќе го одржи „без разлика што ќе се случи“.
„Нема да дозволам малку дожд да ја уништи нашата 250-годишнина“,
наведе тој во објавата.

И во Њујорк, спектакуларниот огномет мораше да се помести на неколку часа поради лошите временски услови.
Прославата на Денот на незавиноста на САД, односно 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во Филаделфија, која го означи прекинувањето на врските меѓу тринаесетте колонии и британската круна, се совпадна со немилосрден топлотен бран во источниот дел на земјата.
Како резултат на тоа, традиционалната парада за Четврти јули во главниот град на САД беше откажана, но американскиот претседател направи сè за да ја претвори оваа годишнина во прослава на својата личност, зборувајќи пред огномет со 850.000 ракети што беа испукани во текот на 40 минути.

Прославите, онаму како што времето дозволуваше, се одржаа низ целата земја – концерти, фестивали, историски реконструкции и огномети се одржаа во сите 50 држави. Во Њујорк, градоначалникот Зохран Мамдани ја осветли зградата „Емпаер Стејт Билдинг“ откако воените авиони прелетаа над градот, а едрилиците впловија во пристаништето.
Додека Соединетите Американски Држави се сеќаваат на два и пол века триумфи и трагедии, ропство и слобода, Граѓанска војна и светски војни, неодамнешната анкета на Универзитетот Квинипиак покажува дека 61 процент од Американците веруваат дека нивната земја не ги исполнува идеалите утврдени во Декларацијата за независност од 1776 година.
