За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат метеоролозите за денеска. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови се очекува да има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд кој во одредениделови ќе биде и над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град.
Утринската температура ќе биде од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 22 до 34 степени.
И во Скопје денеска се очекува да има променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро до 30 во текот на денот.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 34 степени.
