Најголем дел се објекти за домување – 169 или 18,6 отсто од вкупниот број. Од нив, 128 се исклучиво станбени објекти, 24 се претежно станбени, а 17 се објекти за одмор и рекреација
Од ДЗС наведуваат дека најголемиот дел од бесправно изградените објекти, односно 96,1 отсто, се во приватна сопственост
Во текот на 2025 година во државата се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најголем дел од нив се објекти за домување – 169 или 18,6 отсто од вкупниот број. Од нив, 128 се исклучиво станбени објекти, 24 се претежно станбени, а 17 се објекти за одмор и рекреација.
Според статистиката, регистрирани се и 164 бесправно изградени огради (18 отсто), 116 деловни објекти (12,7 отсто), 113 натстрешници (12,4 отсто), како и 110 доградби, надградби и адаптации (12,1 отсто).
Евидентирани се и 106 помошни објекти (11,6 отсто), 79 гаражи (8,7 отсто), 22 летни тераси (2,4 отсто), 17 времени објекти (1,9 отсто), девет скалила (еден отсто) и шест тераси (0,7 отсто).
Од ДЗС наведуваат дека најголемиот дел од бесправно изградените објекти, односно 96,1 отсто, се во приватна сопственост.
