Делегацијата на Техеран протестирала поради острата реторика на американскиот претседател, а фокусот на средбата била кризата во Либан, но не и нуклеарната програма на Иран
Заврши првата рунда разговори помеѓу делегациите на Соединетите Американски Држави и Иран во Швајцарија, но без стандардните дипломатски ракувања и заедничка фотографија. Според одредени медиуми, иранската делегација го одбила планот на САД, како и на посредничките земји Катар и Пакистан за одржување на заедничка церемонија по завршувањето на преговорите и фотографирање.
Иако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пред почетокот на преговорите рече оти ова е историска шанса за договор со кој би се подобриле билатералните односи помеѓу САД и Иран, атмосферата на состанокот била тензична оти воопшто не се разговарало за иранската нуклеарна програма, туку фокусот бил исклучително на почитувањето на досегашните договори помеѓу двете страни и на ситуацијата во Либан.
Иранските претставници простестирале поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп кој додека траеше средбата на социјалната мрежа „Трут Соушл“ напиша оти САД ќе го нападне Иран со посилни воздушни напади доколку не го запрат Хезболах во Либан, а потоа упати и директни закани до иранските преговарачи за блокадата на Ормускиот Теснец.
