Венс рече дека се надева оти ќе постигне напредок во врска со нуклеарната програма и со прашањето за прекин на огнот во Либан

Директните разговори меѓу САД и Иран треба да започнат во Швајцарија и покрај тоа што иранската војска изјави дека повторно го затворила Ормускиот Теснец поради нападите на Израел врз Јужен Либан. Иран го наведе прекршувањето на договорот со САД за прекин на војната како причина за затворањето, пишува Би-би-си.
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, пристигна во Швајцарија каде се очекува во текот на денот да почне новата рунда преговори.
Во иранската делегација вклучени се претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.
На претставници од САД и Иран на разговорите ќе им се придружат пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и началникот на вооружените сили на земјата, фелдмаршал Асим Мунир.
Пакистан дејствуваше како посредник во текот на целата војна и беше домаќин на претходната рунда преговори меѓу САД и Иран.
„Пакистан ќе продолжи да ја поддржува имплементацијата на договорите меѓу Иран и САД“,
соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан пред разговорите.
Венс рече дека се надева оти ќе постигне напредок во врска со нуклеарната програма и со прашањето за прекин на огнот во Либан.
.@VP departs for Switzerland: "I'm looking forward to starting the technical talks with the Iranians, the Pakistanis, and the Qataris… We're going to hopefully make progress on the nuclear issue, make progress on the Lebanon ceasefire issue — those are the two big things that I… pic.twitter.com/4VXp0ANgJU
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) June 20, 2026
Во одговор на новинарско прашање за судирите меѓу Израел и Хезболах и израелските воздушни напади во Јужен Либан, Венс вели „работите всушност се подобруваат таму, но во бавно темпо“.
„Тоа ќе биде нешто што ќе мора постојано да го управуваме за да осигуриме дека Израел и Либан се безбедни и сигурни. Тоа е фундаменталната цел на ова, да се направи целиот регион безбеден и сигурен“,
рече тој.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, вели дека неговата земја ќе „бара од другата страна да ги исполни своите обврски“.
