Како што прецизираат од Кривичен, на обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183 981 евра во корист на Република Северна Македонија, а која се состои од ставање по хипотека на недвижен имот, додека гаранцијата што му определена на Нехат Нухи е во износ од 348 049 евра, исто така, со ставање под хипотека на недвижен имот
При одлучувањето, покрај позитивното мислење на надлежното Основно јавно обвинителство, Кривичниот совет на Судот го имал предвид и фактот што мерката притвор, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје, согласно законските одредби, може да биде продолжувана и да трае најдоцна до 18 јули оваа година
Основниот кривичен суд Скопје вчера донел решение со кое им се укинува притворот на поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи во замена за гаранција во недвижен имот што двајцата одделно ја понудиле.

Одлуката судот ја донел на предлог на обраната на Васев и на Нухи, а позитивно мислење во врска со предлогот дало и надлежното Основно јавно обвинителство, соопштија денеска од Кривичен.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Н.В. и Н.Н. за укинување на мерката притвор со определување гаранција, по добиено позитивно мислење од надлежното Јавно обвинителство, донесе решение со кое предлогот се уважува“,
се наведува во соопштението на Судот.
Како што прецизираат оттаму, на обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183 981 евра во корист на Република Северна Македонија, а која се состои од ставање по хипотека на недвижен имот, додека гаранцијата што му определена на Нехат Нухи е во износ од 348 049 евра, исто така, со ставање под хипотека на недвижен имот.
Истовремено на двајцата обвинители им се определни и мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска еднаш месечно да се јавуваат во Судот и привремено одземање на пасошите и забрана за издавање на нови или друга исправа за преминување на државната граница.
Инаку, како што информираат од Кривичен, при одлучувањето, покрај позитивното мислење на надлежното Основно јавно обвинителство, Советот го имал предвид и фактот што мерката притвор, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје, согласно законските одредби, може да биде продолжувана и да трае најдоцна до 18 јули оваа година.
„Со оглед дека надлежното обвинителство се откажа од правото на жалба против овие решенија, а хипотеката понудена како гаранција е веќе впишана во Катастарот на недвижности, истите станаа правосилни, по што обвинетите се ослободени од притвор“,
наведуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

За потсетување, на поранешните директори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Нино Васев и Нехат Нухи им суди за злоупотреба на службената положба и овластување, измама и проневера во службата, во предметот во јавноста познат како „Онкологија 2“.
Според Обвинителството, двајцата поранешни директори со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), и со злоупотреба на службената положба предизвикале штета на буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании.
И Васев и Нухи на почетокот на судскиот процес на 12 септември лани се изјаснија дека не се чувстуваат винови за делата што им се ставаат на товар.
Инаку, на двајцата ексдиректори во април лани Основниот кривичен суд првично им одреди мерка куќен притвор, која потоа Апелацискиот суд Скопје ја преиначи во ефективен притвор, по жалба на Обвинителството.
На поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија му се суди и во предметот „Онкологија 1“ која пка се однесува на несовесно лекување пациенти. Покрај него во оваа постапка се обвинети уште двајца лекари онколози.
