Објавата на швајцарското Министерство за надворешни работи доаѓа откако Белата куќа синоќа соопшти дека потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, го откажал планираното патување во Швајцарија каде што требаше да се сретне со иранските преговарачи со цел да започнат разговори за спроведувањево на договорот што го постигнаа Техеран и Вашингтон за ставање крај на војната
Претходно и Техеран изрази сомнеж дека е потребна средба во Швајцарија, имајќи предвид дека претседателите на САД и на Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, во средата го потпишаа договорот или, како што е именуван, меморандум за разбирање
Разговорите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, кои беа планирани за денеска во планинското одморалиште Бургеншток во Швајцарија, нема да се одржат, соопшти швајцарското Министерство во надворешни работи, објави Ројтерс.

Објавата доаѓа откако Белата куќа синоќа соопшти дека потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, го откажал планираното патување во Швајцарија каде што требаше да се сретне со иранските преговарачи со цел да започнат разговори за спроведувањево на договорот што го постигнаа Техеран и Вашингтон за ставање крај на војната.
Американската администрација неделава најави дека в петок, односно денеска ќе се одржи формална церемонија на потпишување на договорот меѓу САД и Иран во Женева, но иранското Министерство за надворешни работи изрази сомнеж во врска со потребата од такво нешто, наведувајќи дека претседателите на двете земји веќе го потпишаа договорот во средата.
Имено, претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, одделно го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток. Трамп тоа го стори во Париз каде што присуствуваше на самитот на лидерите на земјите од групата Г7, додека Пезешкијан потпис на договорот или, како што е именуван, меморандум за разбирање, стави во Техеран.
Иран соопшти дека е подготвен да започне технички разговори откако двете страни со постиганиот договор го продолжија кревкото примирје за најмалку 60 дена. Сепак, полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним вчера објави дека преговарачите на Иран сакаат да видат знаци на спроведување на прелиминарниот договор од страна на САД пред да започнат следните рунди мировни преговори, поради што Техеран не стигна потврда дека нивната делегација ќе отпатува за Женева.
Американска делегација предводена од потпретседателот Џеј-Ди Венс беше подготвена да отпатува во Швајцарија штом бидат финализирани плановите за за разговорите, соопшти портпаролот на Белата куќа доцна синоќа.
„Но, логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна или предвидлива“,
се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Засега не е познато каде би се сретнале преговарачките тимови на САД и Иран.
Според повеќе извори, на кои се повикува Си-ен-ен, двете страни работат на изработка на тајни предлози за спроведување на 14. точки што беа потпишани оваа недела, вклучувајќи детали за тоа како да се реши иднината на нуклеарната програма на Иран.
Официјален пакистански за телевизијата изјавил дека следната фаза од договорот ќе продолжи преку „одделни патеки на техничко ниво за повеќе прашања во рамките на оваа сеопфатна рамка“. Инаку, Пакистан беше клучен посредник во преговорите меѓу САД и Иран за постигнување на договорот.
Вчера говорејќи во Белата куќа, американскиот потпретседател Џеј-Ди Ванс ја критикуваше израелската офанзива во Либан, наведувајќи дека таа им создала проблем за време на преговорите.
„Да бев јас во кабинетот на израелската влада, можеби немаш да го критикувам единствениот моќен сојузник што ѝ остана земјата (Израел) во целиот свет“,
рече Венс, како одговор на извештаите за незадоволството на Израел од договорот.

Во меѓувреме, Националниот совет за безбедност на Иран соопшти дека ќе возврати соодветно доколку САД го прекршат договорот. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, исто така ги предупреди САД дека секое прекршување на договорот или прекумерни барања ќе бидат проследени со силен одговор.
Централната команда на Вооружените сили на САД (ЦЕНТКОМ) вчера објави дека американската војска ја укинала блокадата за пловни објекти што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни зони.
Во објавата на платформата Икс се наведува дека американските воени бродови кои се наоѓаат во соседните води засега ќе останат на своите позиции.
Врховниот совет за национална безбедност на Иран, пак соопшти дека институцијата на земјата задолжена за со водните патишта во Персискиот Залив ќе го управува сообраќајот низ Ормускиот теснец. Според информациите на бродовите нема да им се наплаќаат такси за аплицирање во наредните 60 дена.
