Инцидентот се случил вчера околу 11 часот, кога при извршување градежни работи, 44-годишниот градежен работник паднал од покривот на една од зградите на охридскиот аеродром, кој во моментов е во процес на реконструкција
Четириесет и четиригодишен градежен работник од Кавадарци е повреден при извршување градежни работи на аеродромот „Свети Апостол Павле“, кој моментално се реконструира.

Инцидентот се случил вчера околу 11 часот, кога при извршување градежни работи, 44-годишникот паднал од покривот на една од зградите на охридскиот аеродром и се здобил со тешки телесни повреди. Работникот З. П. (44) од Кавадарци потоа бил пренесен и задржан во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.
На местото на настанот е извршен увид и се работи на расчистување на случајот.
Аеродромот во Охрид во моментов е во процес на реконструкција, која, според очекувањата на министерот за транспорт Александар Николоски, треба да заврши за околу два месеци.
