Поранешниот американски Конгресмен Џозеф Диогарди ќе се приклучи на кампањата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Ова го соопштија од партијата на Села, по митингот во Њујорк на кој присуствуваше Вилијам Вокер.
„Време е Албанците во Северна Македонија да направат промени, бидејќи се прават промени низ целиот демократски свет. Жал ми е што со години беа излажани од својата владејачка гарнитура, која по изборите ги заборави своите ветувања“,
рече Вокер на средбата со албанската дијаспора во Њујорк.