Ако Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори, ќе го променат законот за игри на среќа, најави претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села.
Села пред жителите на селото Пирок посочи дека игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди, затоа што гарантираат дека нема да бидат близу до населбите, за не секој може да пристапи до нив.
Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажано и е веќе вклучено во коалициската програма „Држава за сите“.