Тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со кој што ќе имаме право на поголемо користење на одредени алатки и тоа никако не е во конфликт со проширувањето, тоа се паралелени процеси. Ова е еден процес, а проширувањето си останува друг процес, рече Мицкоски
Пораките од Тиват беа силни – процесот на проширување не е завршен, порача премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од самитот ЕУ-Западен Балкан. Нон-пејперот што го имаат подготвено Германија и Франција претставува значајно подигнување на нивото на односи меѓу Западен Балкан и ЕУ, вели Мицкоски и додаде дека е оптимист по билатералните средби што ги одржал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со кој што ќе имаме право на поголемо користење на одредени алатки и тоа никако не е во конфликт со проширувањето, тоа се паралелени процеси. Ова е еден процес, а проширувањето си останува друг процес. Почести сосотаноци кои што нема да бидат веќе на ниво на самити ЕУ-Западен Балкан два пати годишно, еднаш во јуни, еднаш во декември, од она што успеав да заклучам е дека ќе имаме најмалку два пати месечно такви состаноци, што секако е добро да можете со луѓето кои одлучуваат да разговарате, да креирате разни политки и да ја градите иднината заедно“
рече Мицкоски.

Мерц и Макрон дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите да испорачуваме според методот на заслуга, а не според билатерални прашања, тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, посочи Мицкоски. Тој порача дека се враќа од самитот задоволен и со оптимизам.
„Мојот оптимизам се темели на тоа што јас бев единствениот од земјите од Западен Балкан што имаше билатерални состаноци со францускиот претседател Макрон и гемранскиот канцелар Мерц и точно знам што се зборуваше на тие состаноци. Знам што ќе следи во периодо пред нас. Дел од планот подразбира затворање одредени кластери, тоа значи почеток на преговори. На самите состаноци ја пренесов сета политика и тоа што зборуваме изминатиов период. Од соговорниците добив одговири на дел од дилемите и кога ќе го имаме сето ова во предвид, оттаму доаѓа мојот оптимизам и инспирација. Значи не е точна тезата дека се потребни измени на договори за да може овој план да биде функционален“,
рече Мицкоски.
Во однос на уставните измени Мицкоски го повтори ставот дека нема да поддржи , без јасни гаранции дека нема да има нови билатерални и идентитетски прашања во процесот на пристапување кон ЕУ.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изјави дека Европската Унија планира постепен процес на вклучување на земјите од Западен Балкан во европските структури, со цел нивно поблиско интегрирање и забрзување на патот кон полноправно членство. По Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, тој порача дека пораката од состанокот е јасна и недвосмислена.
„Мојот и предлогот на Емануел Макрон наиде на широко одобрување. Внесуваме нов импулс во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан – на пример, преку нивна постепена интеграција во единствениот пазар пред пристапувањето. Денес е добар ден за Европа“,
порача Мерц.
Во пресрет на самитот, Германија и Франција подготвија нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“. Документот во кој имаше увид „360 степени“, е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Во него се наведува дека политиката на проширување треба да добие нов поттик, со цел Унијата да се заокружи како вистинска европска унија.
„За да ја претвориме оваа амбиција во реалност и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни поттикнувања како дел од процес на постепена интеграција заснован на заслуги, како и да го поедноставиме сегашниот процес за да стане поефикасен и да овозможи побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми“,
пишува во документот.
Пред почетокот на самитот, бугарскиот премиер Румен Радев порача дека процесот на проширување на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан треба да се темели на реални реформи и исполнување на критериумите за членство, а не на политички компромиси. Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот за да почне преговори со Европската Унија, порача Радев.
„Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“,
кажа Радев.
