Повредите на ученичката биле констатирани во Општата болница во Кичево
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против 68-годишен професор од средно училиште во Кичево поради физички напад врз малолетна ученичка.

При извршување на работни задачи како професор во средно училиште во Кичево, З.С. (68) од кичевското село Другово физички нападнал малолетна ученичка во училиштето, која се здобила со телесни повреди.
Повредите на ученичката биле констатирани во Општата болница во Кичево.
Против професорот е поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство врз дете по член 201 од Кривичниот законик.
