Според најавата на УХМР, времето во следните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален развој на нестабилност во попладневните часови
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 15 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 20 до 32 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облчност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 13 до максимални 30 степени.
Според најавата на УХМР, времето во следните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален развој на нестабилност во попладневните часови. Под влијание на циклонска активност, во четврток се очекуваат поинтензивни процесо со пообилен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
