Засега, како што се додава во написот, не е јасно дали распоредувањето ќе биде ротационо или трајно и дали има некаква врска со претходната одлука на Трамп да повлече 5 000 војници од Германија

Доналд Трамп објави дека ќе распореди дополнителни 5 000 американски војници во Полска, само неколку дена откако Пентагон го запре долго планираното распоредување на сили во земјата – најголемото на источното крило на НАТО, пишува британски „Гардијан“.
„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, како и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска“,
напиша Трамп на неговата платформа Трут соушал.
Засега, како што се додава во написот, не е јасно дали распоредувањето ќе биде ротационо или трајно и дали има некаква врска со претходната одлука на Трамп да повлече 5 000 војници од Германија. Во Полска има околу 10 000 американски војници.
Соопштението се чини дека означува редок пресврт откако Пентагон претходно оваа недела изјави дека ќе ја одложи ротацијата на 4 000 американски војници во Полска, како дел од поширок преглед на позицијата на американските сили во Европа.
Извештаите дојдоа околу две недели откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди повлекување на околу 5 000 американски војници од Германија, а Полска ја повтори својата подготвеност да биде домаќин на повеќе американски сили
Трамп го прими Навроцки во Белата куќа во мај минатата година давајќи му клучна поддршка пред изборите во Полска, на кои Навроцки го победи кандидатот од проевропската центристичка партија на премиерот Доналд Туск.
Во септември американскиот претседател повторно се сретна со него во Белата куќа, кога најави можно зголемување на американското воено присуство и вети сигурна одбрана за земјата.
