Според пресметките на ССМ, доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај достигнува 84 117 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошничка за мај 2026 година изнесува 68 743 денари и е намалена за 54 денари во споредба со април, кога изнесувала 68 797 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметките на ССМ, доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај достигнува 84 117 денари.

Најголем дел од месечните трошоци се однесуваат на храна и пијалаци, за што во мај биле потребни 25 475 денари. За образование биле издвоени 7 192 денари, за облека и обувки 6 334 денари, додека за станарина, вода, електрична енергија и греење биле потребни 6 338 денари.
За транспорт, според синдикалната пресметка, едно четиричлено семејство во мај требало да одвои 5 041 денар.
Синдикалната минимална кошничка во април изнесувала 68 797 денари. Според ССМ, за првите четири месеци од годината, пак, вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемила за 3 305 денари.
