За утре се прогнозира променливо облачно време со услови за слаб локален дожд, а температурата ќе се искачи до 26 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува и засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено ќе достигне брзина над 80 километри на час. Утринската температура ќе биде од седум до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 17 до 31 степен.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a во попладневните часови ќе услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе биде од 11 степени наутро до 29 во текот на денот.
За утре се прогнозира променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер. Максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени.
Според прогнозите, во среда ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Од петок и за време на викендов времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град.
