Според најавата на УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, а од понеделник се очекува стабилизирање на времето и пораст на дневните температури
Управата за хидрометероролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Во јужните делови на земјата ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 2 до 15 степени.
Според најавата на УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, а од понеделник се очекува стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.
