Од утре целосно се отвораат сите гранични премини во државата, со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и самоизолација или државен карантин.
Одлуката ја донесе Владата на седница во вторникот на која се одлучи и од 1 јули да се отворат и аеродромите во Скопје и Охрид.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски вчера рече дека отворањето на границите не е никаква политичка одлука донесена во корелација со изборите, туку се темели исклучиво на епидемиолошките анализи и мислење од Комисијата за заразни болести.
