Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да се отворат сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување ПЦР-тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.
Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил.
„Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром-Скопје и на Аеродромот ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид. Согласно овие одлуки, Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“,
додаде Спасовски.