Благо сум разочаран поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори, од оние според Радев и луѓето околу него – 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема, кажа Мицкоски
Очекувам да биде избран јасно проевропски ориентиран премиер, вели премиерот Христијан Мицкоски во однос на парламентарните избори кои денес се одржуваат во Бугарија. Според него, впечатливо е што на изборите во Бугарија за гласање се пријавиле само 250 граѓани од Македонија.
„Благо сум разочаран поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу него – 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема,“
рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека очекува од идниот премиер на Бугарија да биде фокусиран повеќе на добрососедски односи, наместо на билатерални спорови.
„Наместо на билатералните прашања ќе се посвети на вистинските европски темелни вредности, дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспер многу одамна и дека како земја-членка на ЕУ ќе биде вистински промотор на копенхагеншките критеруми, а не на билатерални спорови, кои сега треба да дадат одговор на прашања, кои се од средниот век,“,
порача Мицкоски.
Во Бугарија се гласа по осми пат на парламентарни избори во последните пет години. За фаворит на изборите се смета поранешниот претседател Румен Радев со новоформираната партија Прогресивна Бугарија, која води на предизборните анкети.
Гласачките места се отворени од 7 часот и, според првичните информации од Централната изборна комисија, гласањето тече мирно, додека на неколку места се регистрирани технички проблеми поврзани со гласачките уреди.
