„Оданочувањето на доходот од странство не е нова обврска. Физичките лица имаат обврска самостојно да го пријават доходот, особено кога тој е остварен во странство и нема домашен исплатувач, преку електронска пресметка и потврдување или корекција на годишната даночна пријава“, вели Петрова
Инаку, денеска граѓани од Куманово, членови на здружението „Правда за сите“, протестираа пред централата на Управата за јавни приходи и пред Народната банка, давајќи им поддршка на студентите кои работеле во странство и, како што наведоа, се соочуваат со ист проблем со оданочување на доход остварен во минатите години
Студентите што работеле преку програмите „Ворк енд травел“ (Work and travel), како и граѓаните ангажирани во странски мисии во Ирак и Авганистан, се проверуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите, каде што директорката Елена Петрова појасни дека за овие категории граѓани се спроведуваат поединечни анализи и директни информативни средби.
„За овие категории УЈП спроведува поединечни анализи, директни средби, информативни активности и овозможува законска можност за плаќање на обврските на рати“,
рече Петрова.

Проверките доаѓаат откако УЈП испрати пријави за плаќање на данок за приливи од странство, што наиде на револт кај граѓаните.
Од Управата нагласија дека пристапот кон овие граѓани е нерепресивен, без иницијално изрекување казни или присилна наплата, со фокус на информирање, поддршка и доброволно усогласување, со цел еднаков третман за сите граѓани и градење правичен и транспарентен даночен систем.
Директорката Петрова појасни дека не станува збор за ретроактивно воведување нови давачки, туку за примена на постоечкиот систем на самооданочување.
„Оданочувањето на доходот од странство не е нова обврска. Физичките лица имаат обврска самостојно да го пријават доходот, особено кога тој е остварен во странство и нема домашен исплатувач, преку електронска пресметка и потврдување или корекција на годишната даночна пријава“,
рече Петрова.
Во однос на реакциите во јавноста, од УЈП нагласија дека двојно оданочување не може да се случи доколку се достави доказ за платен данок во странство и се спроведе пропишаната постапка, согласно законите и меѓународните договори.
Таа додаде дека во втората половина на 2024 година, УЈП започнала со системска анализа, прочистување и вкрстување на податоците за приливи од странство кои ги добива од банките, а кои претходно, иако биле законски доставувани, не биле обработувани на ваков начин.
Според анализите, УЈП во периодот од 2020 до 2026 година евидентирала десетици илјади случаи на приливи од странство кај физички лица.
Петрова рече дека за 2020 година биле испратени 11 527 известувања за можен оданочлив доход. По спроведената анализа на податоците, 2 276 лица доброволно поднеле електронски пресметки, додека кај 3 637 лица даночната обврска била утврдена по службена должност.
Вкупно 5 913 лица биле задолжени аконтативно, а кај 5 614 лица било утврдено дека приливите не се оданочливи, односно станува збор за приватни трансфери.
Вкупно утврдениот данок за 2020 година изнесува 171,6 милиони денари, од кои, како што беше речено, досега се наплатени 30,4 милиони денари.
Како што информираа од УЈП, во следниот период, односно од 2020 до 2024 година, пријавувањето на доход од странство продолжило, при што, како што информираа од УЈП, дел од граѓаните редовно ги исполнувале своите обврски, а значаен дел од задолжувањата биле утврдени по доставени известувања од Управата.
Според податоците на банките, во 2025 година 70 869 граѓани примиле приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра.
„Секако дека не сите овие приливи се оданочиви. До сега се испратени 9 522 известувања, а 4 459 лица доброволно поднеле пресметки за остварен оданочив доход“,
истакна Петрова.
Таа информира дека годинава активностите продолжуваат во рамки на законските рокови за контрола, кои предвидуваат релативен рок од пет и апсолутен рок од десет години, при што фокусот, како што рече, останува на доброволното усогласување.
Инаку, денеска граѓани од Куманово, членови на здружението „Правда за сите“, протестираа пред централата на Управата за јавни приходи и пред Народната банка, давајќи им поддршка на студентите кои работеле во странство и, како што наведоа, се соочуваат со ист проблем со оданочување на доход остварен во минатите години.
Според изјавата на Жикица Миланов, претставник на здружението, протестот во Скопје следува по, како што рече, петмесечни протести во Куманово и средба со директорката на УЈП на 30 јануари, на која биле доставени документи и докази за, според нив, пропусти во постапувањето на институцијата.
Миланов посочи дека за дел од граѓаните кои работеле во странство, решенија за наводни даночни обврски за 2020 година биле доставени по повеќе години, иако, како што тврди, претходно имале уверенија дека немале неизмирени јавни давачки. Тој наведе пример каде што лице добило документ со состојба „нула“ на јавни обврски, а неколку дена подоцна решение за плаќање данок од околу 4 000 евра.

Студент што работел во Германија во текот на 2024 година денеска се приклучи на протестот пред Управата за јавни приходи, изразувајќи незадоволство од, како што наведе, нетранспарентниот и нејасен однос на институцијата во постапката за пријавување и оданочување на доход остварен во странство.
Според него, студентите што работат сезонски во Германија, најчесто преку студентски програми, заработените средства ги користат за покривање на трошоците за школување, кирија и основни животни потреби, и дека евентуалното дополнително даночно задолжување претставува сериозен финансиски товар.
Студентот нагласи дека во периодот на работа во Германија не остварувал никакви права во Македонија, како здравствено или социјално осигурување, и смета дека не е фер, единствено врз основа на државјанството, да се наметнува обврска за данок без соодветно информирање и појаснување од надлежните институции.
Тој посочи дека неговиот обид да поднесе пријава преку системот е-ППД бил одбиен, со образложение дека постапката ќе се води „по службена должност“, без дополнително објаснување. Во однос на бројот на засегнати студенти, изјави дека иако од УЈП се споменува бројка од 134 студенти за Германија, смета дека реалната бројка е поголема и дека проблемот не е во бројот, туку во принципот.
