Британската полиција соопшти дека единаесет лица биле згрижени во болница и оти две лица сè уште се во животно загрозувачка состојба

Двајца мажи се уапсени под сомнение за обид за убиство по напад со нож што вчера вечер се случил во воз што се движел во округот Кембриџ во Англија.
Полицијата соопшти дека едниот осомничен е британски државјанин, а другиот е британски државјанин со карипско потекло. Двајцата мажи, на возраст од 32 и 35 години, се родени во Велика Британија.
Британската полиција соопшти дека единаесет лица биле згрижени во болница и оти две лица сè уште се во животно загрозувачка состојба.
Коментирајќи дали инцидентот бил тероризам, началникот Џон Лавлес рече дека во оваа фаза нема ништо што укажува дека ова е терористички инцидент.
Британската полиција првиот повик за нападот во возот, кој се движел на линијата од Донкастер до Кингс Крос во Лондон, го добила во 19:39 по локално време.
Полицијата потврдила дека на местото на настанот се повикани и екипи на антитерористичката единица.
Британската полиција истражува, со помош на единиците за борба против тероризмот, кои помагаат во утврдувањето на околностите и мотивите на нападот. Претходно, британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека станува збор за изолиран напад и дека не гледа причина да се зголеми нивото на терористичка закана во Велика Британија.
