Рокот е отворен за сите студенти кои не аплицирале досега, како и за оние на кои им било прекинато правото, а сметаат дека повторно ги исполнуваат условите

Од утре почнува рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година и ќе трае до 5 ноември годинава, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).
Правото на субвенциониран студентски оброк, како што велат од МОН, можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето-плата и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.
Рокот е отворен за сите студенти кои не аплицирале досега, како и за оние на кои им било прекинато правото, а сметаат дека повторно ги исполнуваат условите.
Студентите кои ги исполнуваат условите, треба да поднесат апликација преку порталот на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk., а деталните услови и критериуми за остварување на правото на субвенциониран оброк се содржани во повикот објавен од Министерството за образование и наука.
