Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 23 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 км/ч).
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени, а маскималната од 14 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 23 степени.
Од УХМР во следните денови најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
