Кличко додаде дека, како резултат на непријателскиот напад врз Киев и падот на остатоците од беспилотните летала ноќеска во областа Подил, избувнале пожари во три станбени згради, а ударниот бран ги оштетил прозорците на неколку куќи
Седум лица се повредени во синоќешниот руски напад со дронови врз Киев, објави утринава градоначалникот Виталиј Кличко.

„Седуммина повредени во главниот град по непријателскиот напад ноќеска. Петмина од нив се хоспитализирани, а двајца се на амбулантско лекување“,
рече Кличко во објава на Телеграм, пренесува „Укринформ“.
Кличко додаде дека, како резултат на непријателскиот напад врз Киев и падот на остатоците од беспилотните летала ноќеска во областа Подил, избувнале пожари во три станбени згради, а ударниот бран ги оштетил прозорците на неколку куќи.
Државната служба за вонредни ситуации наведе дека во областа Подилск пожарникарите веќе го изгаснале пожарот во еден стан од петкатна зграда и автомобилите во дворот.
Исто така, изгаснат е пожар и во магацински простории на неколку локации и пожар во два автомобила во двор на петкатница.
Во областа Десњан во Киев, дрон се урнал во 21. кат од станбена зграда без да детонира.
На друга локација, ракета погоди зграда во изградба.
Во текот на ноќта во Киев и голем број региони беше прогласена воздушна тревога поради закана од напади со дронови, објави претходно „Укринформ“.