Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. В петок врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а в понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 километри на час.