Трамп изминатите денови врши притисок врз двете завојувани страни да ги прекинат непријателствата и им предложи на Украина и Русија веднаш да застанат на сегашната линија на фронтот
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го оцени како добар компромис предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, преговорите со Русија да почнат врз основа на актуелната линија на фронтот.

„Американскиот претседател предложи двете страни да останат таму каде што се и да почнат преговори. Мислам дека тоа беше добар компромис, но не сум сигурен дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го поддржи и тоа му го кажав на Трамп“,
посочи Зеленски.
Трамп изминатите денови врши притисок врз двете завојувани страни да ги прекинат непријателствата и им предложи на Украина и Русија веднаш да застанат на сегашната линија на фронтот.
Тој минатата недела соопшти дека набрзо ќе се сретне со Путин во Будимпешта, но вчера изјави дека не сака залудна средба со рускиот претседател.
Европските лидери, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во вторникот издадоа соопштение во кое се вели дека сите разговори за завршување на војната треба да започнат со замрзнување на сегашната фронтовска линија и ја обвинија Русија дека не е сериозна во врска со мирот. Зеленски рече дека разговорите на фронтовската линија се почеток на дипломатијата, за која рече дека Русија прави сè што може да ја избегне.