Триесет и тригодишниот И.Л. е задржан во полициската станица во Дебар за понатамошна постапка
Државјани на Република Албанија, кој се барал со меѓународна потерница, вчера попладне бил лишен од слобода на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Како што информираат оттаму, станува збор за 33-годишно лице со иницијали И.Л. кое било уапсено на влез во државава.
„На 18.10.2025 во 15:00 часот на Граничен премин ‘Блато’, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Л. (33) од Република Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидентиран со мерка ‘апси’ по барање на Интерпол“,
се наведува во соопштението од СВР Охрид.
Лицето, додаваат оттаму, е задржано во полициската станица во Дебар за понатамошна постапка.