Поранешниот сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколку месеци беше и дел од неговата администрација, објави дека дека ако се усвои лудиот закон, како што го нарече тој, следниот ден ќе биде формирана Американската партија која пред извесно време ја најави тој
Технолошкиот магнат Илон Маск им се закани на дел од членовите на американскиот Конгрес дека ќе направи да ги изгубат изборите следната година затоа што го поддржуваат законот за трошење на претседателот Доналд Трамп, кој тој го критикува бидејќи ќе го зголеми долгот на САД за 3,3 трилиони долари.

„Секој член на Конгресот кој водеше кампања за намалување на владините трошоци, а потоа веднаш гласаше за најголемото зголемување на долгот во историјата на земјата, треба да ја спушти главата од срам! И ќе ги изгубат своите прелиминарни избори следната година ако тоа е последното нешто што можам да правам за оваа земја“,
напиша Маск на својата платформа за социјални медиуми, Икс.
Every member of Congress who campaigned on reducing government spending and then immediately voted for the biggest debt increase in history should hang their head in shame!
— Elon Musk (@elonmusk) June 30, 2025
And they will lose their primary next year if it is the last thing I do on this Earth.
Неколку часа подоцна тој додаде дека ако се усвои лудиот закон, како што го нарече тој, следниот ден ќе биде формирана Американската партија која ја најавува тој.
Со последните закани, упатени до претставниците во Конгресот, технолошкиот милијардер повторно се фрли во расправија со американскиот претседател чиј што повторен избор во Белата куќа го поддржа со милионски донации на ланските избори.
Откако си замина од т.н. оддел за владина ефикасност или ДОГЕ, Маск остро го критикуваше буџетскиот закон на Трамп.
Маск беше релативно тивок во врска со законот по неговиот драматичен конфликт со Трамп, но повторно влезе во дебатата овој викенд, потсетува „Гардијан“.
Извршниот директор на „Тесла и „Спејс икс“ повторно повика на основање на нова политичка партија, велејќи дека огромните трошоци што ги предвидува законот укажуваат „дека живееме во земја со една партија“.
„Време е за нова политичка партија која навистина ќе се грижи за луѓето“,
напиша тој.
If this insane spending bill passes, the America Party will be formed the next day.
— Elon Musk (@elonmusk) June 30, 2025
Our country needs an alternative to the Democrat-Republican uniparty so that the people actually have a VOICE.
Американскиот Сенат од вчера го маратонско гласање за обемниот закон на претседателот Доналд Трамп, чие носење и понатаму останува независно по неколкунеделените тензични преговори, објави Би-би-си.
Републиканците, кои ги контролираат двата дома на Конгресот, се поделени околу тоа колку да се намалат програмите за социјална помош со цел да се продолжат даночните олеснувања во решението, кое Трамп го нарекува „еден голем прекрасен закон“.
Партијата на претседателот брза да го усвои законот до самонаметнатиот рок оваа недела, односно до државниот празник 4 Јули.
Доколку законот го помине Сенатот, ќе мора да се врати на уште едно гласање во Претставничкиот дом, кој минатиот месец ја усвои својата верзија на законот.
Според проценките на канцеларијата за буџет на Конгресот, верзијата на законот на Сенатот би додала речиси 3,3 трилиони долари на дефицитот во следната деценија, додека законот одобрен од Претставничкиот дом би додал 2,4 трилиони долари на дефицитот во следната деценија.
Маск изрази презир и ги критикуваше и двете верзии на законот.
Покрај критиките кон одредбите за трошење, тој се пожали и на намалувањето на субвенциите за електрични возила, велејќи дека законот „дава милостина на индустриите од минатото, додека сериозно им штети на индустриите на иднината“.