Најголем дел од бесправно изградените објекти, или 93,8 отсто се во приватна сопственост
Минатата година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, од кои 151 објект е за домување. Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Според видот на објектот, 99 се доградби, надградби, адаптации, 77 се деловни објекти, 49 гаражи, 147 огради, осум скалила, 14 тераси, 20 летни тераси, 93 натстрешници, 26 се времени објекти и 73 помошни објекти“,
пипува во извештајот на ДЗС.
Најголем дел од бесправно изградените објекти, или 93,8 отсто се во приватна сопственост.