Италијанските медиуми известија за трагедијата во која 10-годишно девојче со потекло од Македонија вчера се удавило во реката Пјаве во близина на Сан Џакомо ди Педероба во покраината Тревизо додека се капело во реката со своите браќа и сестри
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека Конзулатот во Венеција е во редовна комуникација со семејството на починатото 10-годишно девојче со потекло од Македонија кое вчера се удавило во реката Пјаве во близина на Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, Италија.

Комуникацијата на македонскиот конзулат со семејството на починатото девојче е со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија.
„Ве информираме дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија“,
наведуваат од МНР во писменото соопштение.
Италијанските медиуми известија за трагедијата во која 10-годишно девојче со потекло од Македонија вчера се удавило во реката Пјаве во близина на Сан Џакомо ди Педероба во покраината Тревизо. Девојчето во реката се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема.