Откако ја предизвикала сообраќајката, девојката го напуштила местото на настанот. Подоцна било утврдено дека Т.К. (19) возела со 2,23 промили алкохол во крвта
Деветнаесетгодишна тинејџерка од Радовиш е задржана во полициска станица откако, управувајќи со моторно возило, рано утрината на 29 јуни предизвикала сообраќајна несреќа на улица „Самоилова“ во Радовиш.
Откако ја предизвикала сообраќајката, девојката го напуштила местото на настанот.

Подоцна било утврдено дека Т.К. (19) возела под дејство на алкохол и имала 2,23 промили алкохол во крвта.
„Девојката е задржана во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“,
информираат од МВР.