На социјалните мрежи објавени се и видеа од дел од апсењата на одредени локации во Белград, во кои се наведува дека луѓето биле тепани и уапсени. Министерството за внатрешни работи, пак, оценува дека е постапено високо професионално тврдејќи дека се приведени поради напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред и мир
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се отстрануваат сите блокади на патиштата во Белград по синоќешниот протест. Дополнително, информираат дека од утринава повеќе лица се приведени поради напад на полицијата и нарушување на јавниот ред и мир.

Во соопштението на српското МВР не се наведува бројот на приведени лица.
Belgrade, Serbia
— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) June 30, 2025
30 June 2025#Repost @serbialive_beograd pic.twitter.com/GsLjQYIy7v
На социјалните мрежи објавени се и видеа од дел од апсењата на одредени локации во Белград, во кои се наведува дека луѓето биле тепани и уапсени.
Postoje indicije da je jedan od privedenih i @rajko_alt pic.twitter.com/yAcG76oo4Y
— (Ćosa) Ivan Cosic (@ivancosic) June 30, 2025
Министерството за внатрешни работи, пак, оценува дека е постапено високо професионално, тврдејќи дека се приведени поради напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред и мир.
Вчера попладне на десетици локации низ Србија, вклучувајќи го и Белград, се одржаа блокади на кои демонстрантите поставија три барања до владата – распишување предвремени парламентарни избори, ослободување на сите приведени за време на инцидентите на студентскиот протест на 28 јуни, како и отстранување на кампот што беше поставен во центарот на Белград од противниците на студентските блокади.
Студентите повикаа блокадите да продолжат и денеска низ цела Србија. Заедно со повик за граѓанска непослушност, тие им порачаа на граѓаните да се оддалечат од блокадите мирно и без паника во случај полицијата да пристигне со опрема за разбивање на демонстрациите.
Добро јутро Србијо!
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) June 30, 2025
Баш је лепо слободно шетати. 🟢 pic.twitter.com/pdKkdjUqLS