Земјотресот е регистриран во 5 часот и 54 минути
Земјотрес е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е регистриран во 5 часот и 54 минути, а епицентарот е лоциран 120 км југоисточно од Скопје.

Според податоците со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.