Согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција, велат од УЈП
Мобилната апликација „Мој ДДВ“ работи со прекини, информираат од Управата за јавни приходи. Од УЈП велат дека се работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална и потенцираат дека корисниците ќе може да ги скенираат само оние сметки за поврат на ДДВ кои се опфатени во законскиот рок, од датумот на издавање.
„Согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање“,
се наведува во соопштението од УЈП.

Од Управата за јавни приходи додаваат дека тимовите се целосно ангажирани и работат на надминување на техничките пречки.