На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Од утрово на граничниот премин „Табановце“ се чека околу 30 минути, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.