Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана уништила 39 украински дронови преку ноќ над руска територија и Кримскиот Полуостров, вклучувајќи 13 над Волгоградскиот Регион

Сообраќајот на мостот над реката Дон во Калачевската Област во рускиот регион на Волгоград е привремено ограничен за расчистување на остатоците од масивниот украински напад со дронови, соопшти утринава канцеларијата на регионалниот гувернер.
Гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, во објава на апликацијата Телеграм, изјави дека никој не е повреден во нападот. Во моментов нема информации дали мостот над реката Дон, петтиот најдолг во Европа, е оштетен.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана уништила 39 украински дронови преку ноќ над руска територија и Кримскиот Полуостров, вклучувајќи 13 над Волгоградскиот Регион.
Аеродромот во Волгоград беше затворен повеќе од три часа пред сообраќајот да биде повторно воспоставен, непосредно пред 7 часот наутро по локално време, соопшти рускиот орган за цивилно воздухопловство Росавијација.