Во пожарот нема повредени, но од страна на Итната медицинска помош едно лице е пренесено во Општата болница во Делчево на натамошен преглед
Во стан во Делчево синоќа избил пожар дваесетина минути по полноќ. Во пожарот нема повредени, но од страна на Итната медицинска помош едно лице е пренесено во Општата болница во Делчево на натамошен преглед.

На гаснење на пожарот интервенирале три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и од припадници на полицијата.
Пожарот бил целосно изгаснат околу 1:30 часот по полноќ.
Надлежните најавуваат дополнителни информации во текот на денот.