Пожарот е локализиран и е спречено тој да се прошири кон селото Лојане
Трет ден е активен пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.

„Во пожарот во кој се зафатени сува трева и нискостаблеста шума, екипи на ‘Национални шуми‘ интервенираат со моторни возила“,
велат оттаму.
Пожарот е локализиран и е спречено тој да се прошири кон Лојане.
Пожарникарите од Старо Нагоричане гасеа пожар и во атарот на селата Клечовце-Дозвезнце.